Ќе се сретнат ли Трамп и Путин на самитот Г-7 во Хамбург?

од desk3

Во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се појавиле несогласувања по повод формата на неговите евентуални разговори со рускиот претседател Владимир Путин во рамките на самитот на Г-20 во Хамбург на 7 и 8 јули, објавуваат анонимни извори од Вашингтон.

Според нив самиот Трамп е посакува средаба со Путин во Германија, на која ќе можат да бидат разгледани прашања за меѓународните и билатералните односи. Американскиот претседател исто така инсистира медиумите да влијаат за оваа средба. Дел од советниците на претседателот сакаат тој да  има попретпазлива позиција во однос на контактите со Русија особено по   истрагите за соработка со Москва за време на претседателската кампања во САД од минатата година.

Советниците нудат спроведување на формална и кратка средба со рускиот претседател. Меѓу другите предложени опции е и одржувањето на еден круг разговори за стратегиска стабилност меѓу руската и американската делегација, без учество на претседателите. Во петокот од Белата куќа одбија да одговорат на прашањето дали Трамп сака да се сретне со Путин.

“Кога и ако се одржи средба, ние ќе ви соопштиме за неа”, рече за време на брифингот прес секретарот на Белата куќа Шон Спајсер. Претходно денеска портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека во моментот не се работи за посебна средба меѓу двајцата лидери , но не ја исклучи можноста за прво директно комуницирање меѓу нив за време на нивниот престој во Хамбург. Претставникот на Кремљ обрна внимание на тоа дека тие “ќе бидат заедно на истиот настан, во еден град во исто време и онака има можност да се сретнат”, додавајќи дека во моментот Москва е подготвена на секаков вид средба, во зависност од она што е погодно за САД.

Слични содржини