Ќе се забрзува реформата на железничкиот пазар на регионално ниво

од Берта Китинска
208 прегледи

На денешната сединца Владата на Северна Македонија ја усвои Информацијата за реализација на мерките од Акцискиот план за железница од Договорот за основање на транспортната заедница која произлезе од третиот Министерски совет на транспортната заедница, на кој министрите за транспорт на земјите од Западен Балкан ги одобрија акциските планови кои ја забрзуваат реформата на железничкиот пазар на регионално ниво.

-Акцискиот план за железници се состои од шест активности и вкупно 22 мерки кои се однесуваат на отворање на пазарот на железница, на правата на патниците, на управувањето, на интероперабилноста, на подобрување на операциите на граничните премин  и на модернизација на инфраструктурата на железничката мрежа, соопштија од Владата.

Слични содржини