Војвотката од Кембриџ и сопруга на принцот Вилијам, Кејт Мидлтон, ја прими првата доза на вакцината против ковид-19 и изрази почит кон сите вклучени во програмата за вакцинација.
Кејт (39) изјави дека вакцината ја примила во Музејот на науката, позната туристичка атракција лоцирана недалеку од палатата Кенсингтон и нејзиниот дом во западен Лондон, пренесува „Ројтерс“.
„Вчера ја примив првата доза на вакцината против ковид-19 во Музејот на наука во Лондон“, напиша Кејт на својот профил на Твитер, кој го дели со нејзиниот сопруг, принцот Вилијам.
Таа исто така објави фотографија на која се гледа како прима вакцина.
„Неизмерно сум благодарен на секој кој игра улога во процесот на вакцинирање – ви благодарам за сè што правите“, напиша Кејт.
Принцот Вилијам (38) минатата недела објави дека ја примил првата доза на вакцината. Неговата баба, кралицата Елизабета, ја прими првата доза во јануари и ги охрабри другите да се вакцинираат, нагласувајќи дека вакцинацијата е брза и безболна, потсетува „Ројтерс“.