Почнува битката за медали на кошаркарскиот турнир. Ждрепката сакаше Србија и САД да се сретнат во првиот натпревар од групата Ц, но и денеска од 21 часот во полуфиналето на Олимписките игри.
НБА „Ол стар“ тимот кој го донесе Стив Кер во Париз победи двапати за кратко време со иста, убедлива разлика против тимот на Светислав Пешиќ, но овој трет е достоен за финале.
„Србија е навистина добра. Не смееме да си дозволиме да се опуштиме бидејќи веќе двапати ги победивме. Мораме да бидеме подготвени за нивното најдобро издание. Мораме внимателно да размислиме што би можеле да направат поинаку. Секој натпревар е толку различен, уникатен. Никогаш не знаеш кога ќе влезе топката, а кога не. Верувам дека Јокиќ ќе ги одигра сите 40 минути?“, праша Кер.
Ветеранот и прва ѕвезда Леброн Џејмс сака ново злато и знае како да го добие. Затоа тој одговори на прашањето за Србија и останатите полуфинални ривали.
„Секоја од трите селекции е опасна. Секој натпревар претставува различен тест. Без разлика што се случуваше против Србија на претходните две средби, најважно е што ќе се случи утре (денес)“, рече Џејмс.