Ќерката на Хилари Клинтон издава детска книга за моќта на жените

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Челзи Клинтон, ќерката на Хилари и Бил Клинтон, ќе објави детска илустрирана книга посветена на женската сила. Таа ќе биде насловена “Таа инсистираше” и ќе ги вклучува приказните на 13 американски жени кои се борат против секоја неволја, за да придонесат за развојот на општеството. Ова го соопшти самата Челзи на “Твитер”.

Насловот не е избран случајно. Пред еден месец лидерот на републиканците во Сенатот Мич Меконел се обиде да прекине своја колешка од Демократската партија – Елизабет Ворен за време на нејзиниот говор.

Подоцна тој се пожали дека “и покрај сè, таа инсистирала”. Многу наскоро зборовите му се претворија во мото на женските правобранителски организации и воопшто на американските жени.

“Ја напишав оваа книга за сите кои сакале да подигнале глас, но биле принудени да молчат. За сите кои биле наведени да се чувствуваат помалку вредни отколку всушност се. Со оваа книга сакам да испратам порака до младите читатели кај нас и во светот – упорноста е сила “, рече 37-годишната писателка.

“Таа инсистираше” ќе излезе на пазарот на 30-ти мај.