Пратеничката на Демократскиот сојуз на Косово Теута Ругова, ќерка на поранешниот претседател на Косово и основач на партијата Ибрахим, нема да го поддржи Хашим Тачи за премиер. Ова за приштинскиот весник Зери, го изјави претседателот на партијата Љуфти Хазири. Според неговите зборови, одлуката на Теута Ругова е јасна, а тоа е дека ќе гласа за ставот кој ќе го застапува ДСК.

Одолговлекувањето на свикувањето на конститутивната седница на парламентот во дел од косовската јаност се толкува дека Харадинај нема доволно пратеници за формирање на парламентарно мнозинство и добивање на мандат за формирање на нова влада.