Британската полиција истражува шест тврдења за сексуални напади на со Оскар наградениот актер Кевин Спејси, што се три обвиненија повеќе од претходно.

Холивудскиот актер се најде под истрага за сексуално напаствување за уште три мажи, што со досегашните ги чини осуммина.
Новите инциденти се од 1996, 2008 и 2013 година, а веста за овие злоупотреби излезе на видело во текот на интервјуто во кое актерот Гај Пирс призна дека Спејси чудно се однесувал со него.
„Ми беше тешко да работам со Кевин на сетот. Тешко ми е да зборувам за тоа. Тој е неверојатен актер, но да, беше тешко со него“, вели Пирс, додавајќи дека Спејси е многу снаодлив.
Вели и дека среќа е што тогаш имал 29 години, а не 14, пренесе Дејли Мејл.