Дефанзивецот Џорџо Киелини ја напушти функцијата тренер за развој на играчи во ФК Лос Анџелес, објави Фудбал Италија.
Поранешниот фудбалер би можел да се врати во Јувентус, за кого настапуваше 17 години, откако претходно се појавија информации дека би можел да стане технички директор на торинскиот клуб.
„Не е лесно да се најдат вистинските зборови за да ги изразам моите чувства. Мешавина од емоции го исполнуваат моето срце, но навистина сакам да му се заблагодарам на целото семејство на ФК Лос Анџелес. Ме пречекавте и помагавте на мене и на моето семејство уште од првиот ден, правејќи го преселувањето полесно за нас“, напиша тој на Инстаграм.
„Длабоко сум вклучен во клубот и го сакав секој момент во последните две години. Откривме и прифативме нови култури, изградивме доживотни пријателства и сега знам дека имам втор дом во Калифорнија. Ви благодариме, ФК Лос Анџелес Ова не е збогум, туку догледање“, додаде Киелини.
Можно е и негово враќање во италијанската репрезентација каде веќе работи голманот Џанлуиџи Буфон.
39-годишниот играч играше за Јувентус од 2005 до 2022 година пред да се пресели во ФК Лос Анџелес каде ја заврши кариерата и му се приклучи на стручниот штаб на американскиот клуб во јануари 2024 година.