Киев најавува казни до 15 години затвор за земање руски пасош

од Берта Китинска

Украинската влада усвои предлог-закон за кривична одговорност за државните службеници кои земаат руски пасош, а според тој закон тие може да добијат и до 15 години затвор.

„За жал, меѓународното право не содржи соодветни норми за сузбивање на нелегалните руски пасоши на територијата на Украина. Затоа мораме да одговориме со зајакнување на кривичното законодавство“, рече потпретседателот на украинската влада и министерот за реинтеграција на привремено окупираните територии на Украина, Ирина Верешчук.

Слични содржини