Киев: Во Херсон откриена затворска ќелија во која биле заробени деца

од Stefanija Kuzmanovska

Комесарот на украинскиот парламент за човекови права, Дмитро Лубинец, денеска објави дека украинските истражители откриле затворска ќелија во ослободената област Херсон, каде што наводно биле заробувани и малтретирани деца.

Како што наведе тој, ќелијата се наоѓа во еден од четирите откриени затвори за мачење во Херсон, град во јужна Украина кој минатиот месец беше напуштен од руските сили, пренесува „Ројтерс“.

„Најдовме 10 затвори кои се користеле за мачење во регионот Херсон, четири во градот Херсон. Во еден од затворите најдовме посебна просторија во која биле држени деца. Дури и окупаторите ја нарекуваа детска ќелија“, рече Лубинац на конференција за медиумите.

Слични содржини