Кијану Ривс ќе глуми во новиот филм за успешна видео игра

од Vladimir Zorba

Кијану Ривс се приклучува на актерската екипа на уште една популарна франшиза. Холивуд репортер пишува дека ѕвездата на Џон Вик ќе се појави во претстојниот филм Sonic the Hedgehog 3, каде што ќе го игра ликот наречен Shadow.

Студиото Парамаунт ја откри веста на минатонеделниот CinemaCon, каде беше прикажан краток исечок од претстојниот филм. На видеото се гледа Др. Роботник (Џим Кери), кој падна во депресија по настаните на Sonic 2. За да се расположи, тој го создаде Shadow, лик кој првпат се појавува во видео играта Sonic Adventure 2. Shadow the Hedgehog ги има истите моќи како Sonic, но помрачен карактер.

Сите три Sonic филмови беа режирани од Џеф Хаулер. Првите два филма беа огромни хитови, иако адаптациите на видео игри не честопати доживуваат таков успех. Бен Шварц го дава гласот на Соник, додека Џејмс Марсден го игра неговиот човечки пријател, Том Вачовски. Sonic the Hedgehog 3 излегува во декември оваа година.

Ривс наскоро ќе го видиме во Good Fortune, во режија на Азиз Ансари, а ќе се појави и во спин-офот на Џон Вик, Џон Вик Презентира: Балерина.

Слични содржини