Двајца високи Севернокорејци биле егзекутирани со митралез по наредба на Ким Јонг Ун, соопшти јужнокорејскиот весник. “Јонганг илбо”. Весникот се повикува на анонимни извори.

Ри Јонг Јин, висок службеник во Министерството за образование, дури можеби и министер уапсен е за тоа дека задремал за време на состанокот со Ким Јонг Ун, а потоа е обвинет за корупција. Поранешниот министер за земјоделство Хванг Мин пак бил притиснат за предложен од него проект кој бил оценет како директен предизвик кон раководството на Ким Јонг Ун. Ако информацијата е сигурена, тоа ќе биде преседан за наредби од страна на севернокорејскиот диктатор за егзекутирање на лица надвор од партијата и армијата, коментира јужнокорејскиот весник. Портпаролот на јужнокорејското Министерство за обединување рече дека не може да ја потврди информацијата. Откако е на власт од 2011 година Ким Џонг Ун нареди серија на егзекуции. Најмногу за нењго зборуваше смртната пресуда на неговиот чичко Жанг Сон Таек. Само во 2014 година севернокорејскиот диктатор егзекутира 50 сонародници по обвиненијата кои се движат од поткуп до гледање на јужнокорејски сапунски опери. ” Тоа е карактеристичен стил за користење на смислена обвиненија администрирани од тоталитарни режими. Во февруари Ким нареди егзекуцијата на воениот шеф ри Јонг Џил по ред обвиненија, вклучувајќи корупција, соопшти тогаш агенција Јонхап. Во јануари минатата година истата судбина ги снајде ген. Пјон јин Сон, командант операциите во армијата, за несогласување со државниот глава. Со својот живот заврши и министерот Хон Јонг Чол за тоа дека задремал за време на долг состанок.