Најмалку 13 луѓе настрадаа во сообраќајна незгода, а двајца се водат како исчезнати, откако автобус падна од мост во Кина.

Фотографиите од безбедносните камери во автобусот покажуваат дека возачот се степал со патник неколку моменти пред падот.
Автобусот падна од височина од 50 метри во реката Јангце во неделата, а настрадаа најмалку 13 лица, додека двајца се водат како исчезнати.
Во претходните извештаи се велеше дека автобусот свртел за да избегне судар со друго возило, но на снимките се гледа дека возачот бил удрен од патничка, а тој и го возвратил ударот.
Полицијата соопшти дека патничката на возраст од 48-години била лута оти автобусот ја прескокнал нејзината станица.
Голема спасувачка акција направи тим од нуркачи со десетици брдови и дигалки, но нема извештаи за прежиевани.