Кина: Брз воз излета од шините, едно лице загина

од Stefanija Kuzmanovska

Едно лице загина, а осум се повредени кога брз воз излета од шините во јужна Кина, јави денеска државната CCTV.

Возот излета од шините откако одрони и карпи ја затрупаа пругата додека се приближуваше до округот Ронгјанг во провинцијата Гуижоу.

Загина машиновозачот, а повредени се еден член на персоналот и седум патници.

Слични содржини