Новите царини на американскиот претседател Доналд Трамп, кои ја удвоија тарифата за целиот кинески увоз на 20 отсто, од претходните 10 отсто, стапија на сила во вторникот. Администрацијата на Трамп објаснува дека тарифите се неопходни за „да се запре трансферот на фентанил во САД“, наметнувајќи ги и на Мексико и на Канада, пренесува Би-Би-Си.
„Додека претседателот Трамп им даде на Канада и Мексико голема можност да ги спречат опасните картелски активности и приливот на смртоносна дрога во нашата земја, тие не успеаја соодветно да ја решат ситуацијата“, се вели во соопштението на Белата куќа непосредно пред стапувањето на сила на тарифите.
If the U.S. truly wants to solve the #fentanyl issue, then the right thing to do is to consult with China by treating each other as equals.
If war is what the U.S. wants, be it a tariff war, a trade war or any other type of war, we’re ready to fight till the end. https://t.co/crPhO02fFE
— Chinese Embassy in US (@ChineseEmbinUS) March 5, 2025
Пекинг возврати со објавување на царини од 15 отсто за увоз на пилешко, пченица, пченка и памук од САД. Дополнително, царина од 10 отсто е воведена и за соја, свинско, говедско, овошје, зеленчук и млечни производи. Кинеското Министерство за трговија, исто така, соопшти дека додало 15 американски компании, вклучувајќи го и производителот на дронови Skydio, на списокот за контрола на извозот. Со соопштение се огласи и кинеската амбасада во САД.
– Ако САД навистина сакаат да го решат проблемот со фентанил, тогаш вистинскиот чекор е да се консултираат со Кина, третирајќи се едни со други како еднакви. Ако војната е она што го сакаат САД, било да е тоа тарифна, трговска војна или било кој друг вид војна, ние сме подготвени да се бориме до крај“, објави амбасадата на платформата X.