Кина ги одзема акредитациите на новинарите на Вол стрит журнал: Ја претставуваат земјата како расистичка

од Nikola Popovski

Кина ги повлече акредитациите на репортерите на Вол стрит журнал, откако весникот одби да се извини за колумната, нарекувајќи ја Кина „вистински болесник на Азија“ и во исто време рече дека новите правила на Вашингтон, наметнати на кинеските медиуми во САД се „неприфатливи“.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Генг Шуанг, во дневниот брифинг изјави дека Пекинг се пожалил на весникот во врска со колумната од 3 февруари, шти ја критикуваше Кина како расистичка земја, велејќи дека тоа ги потценува напорите на Пекинг за борбата против епидемијата на коронавирус. Сепак, весникот не се извини и не покрена истрага против одговорните.

„На кинескиот народ не им се допаѓаат медиумите што даваат расистички изјави и злобно ја напаѓаат Кина“, им рече Генг на новинарите. „Во ова светло, Кина одлучи да ги повлече акредитациите за новинари на тројца дописници на Вол стрит журнал во Пекинг“.

Портпаролот не кажа за кои репортери станува збор. Вол стрит журнал во средата објави дека на заменик-уредникот на редакција, Џош Чин и на новинарите, Чао Денг и Филип Вен им било наредено да ја напуштат земјата во рок од пет дена. Чин и Денг се државјани на САД, а Вен е австралиски.

На странците не им е дозволено да работат како новинари во Кина, освен ако немаат официјална акредитација, без која не можат да добијат виза за престој.

Кинеските мерки против новинарите беа преземени откако Вашингтон во вторникот објави дека пет кинески државни медиуми кои работат во САД, вклучувајќи ја и новинската агенција Ксинху, Кинеската глобална телевизиска мрежа и Чајна Дејли, отсега ќе бидат третирани како продолжен дел од дипломатската мисија и ќе треба да ги пријават своите вработени и средства во САД до Стејт департментот.

Слични содржини