Кина го истрела првиот квантен комуникациски сателит во светот

од Vladimir Zorba

Кина го истрела првиот во светот квантен сателит, соопштија државните медиуми.5013236 Целта беше лансирањето да се изврши од космодромот Цзјоцјоан во пустината Гоби во провинцијата Гансу, соопшти агенцијата Ксинхуа.

Сателитот е лансиран во орбитата од ракета-носач Чанчжен-2D. Сателитот го носи името на античкиот кинески филозоф Мо Цзу кој создал учење за сеопштата љубов. Живеел меѓу 470 и 391 година пред нашата ера. Религиозната форма на неговото учење е моизмот.

Сателитот ќе учествува во експерименти кои треба да ја докажат виталноста на квантната технологија за комуникација на долги растојанија. За разлика од традиционалните сигурни методи за комуникација, системот користи фотони, за да испраќа криптирани “клучеви” потребни за декодирање на информациите. Податоците се содржани во субатомските  честички и е невозможно да бидат откриени: секој обид за прислушување ќе води до самоуништување на честичките, посочува Ксинхуа.

Сателитот ќе се користи за испраќање на заштитени информации помеѓу Пекинг и Урумки – престолнина на западниот Синдзјански регион. Предвидено е во текот на втората половина да започне да работи квантна комуникациска линија меѓу Пекинг и Шангај.

Шефот на проектот ја споредува прецизноста на сателитите со “фрлање на паричка од авион на 100 000 метри височина, која навлегува точно во отворот на вртливата детска каса”. Развојот на оваа технологија е приоритетен за Пекинг и е вклучен во последниот кинески петилетен план, објавен во март.

“Лансирањето на новиот сателит бележи трансформација на Кина од држава која го следи развојот на класичната информациска технологија, во земја лидер насочена кон идните IT достигнувања”, го цитира Ксинхуа главниот научник кој работи на проектот.

Се наведува дека до 2020 година Кина може да има глобална мрежа од квантните комуникации.

Слични содржини