Претседателските избори во Америка се внатрешно прашање на таа земја, а Кина го почитува изборот на американскиот народ, соопшти денеска портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг.
„Нашата политика кон Америка е конзистентна, ќе продолжиме да ги гледаме кинеско-американските односи и да управуваме со нив врз основа на принципите на меѓусебно почитување, мирен соживот и заемно корисни акции“, рече Мао.
Претходно денеска кандидатот на Републиканската партија на претседателските избори во САД, Доналд Трамп прогласи победа на изборите, оценувајќи дека тоа е „најголемата политичка победа на кое било политичко движење“.
Многу светски лидери му ја честитаа победата, меѓу кои францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер, италијанскиот премиер Џорџа Мелони, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и други.