Кина ќе вакцинира 50 милиони луѓе до февруари

од Stefanija Kuzmanovska

Кина настојува да вакцинира 50 милиони луѓе против коронавирусот пред почетокот на сезоната на патувања во таа земја на почетокот на 2021 година, поради Пролетниот фестивал, односно празникот што ја слави Новата година според традиционалниот кинески календар.

Ова го објави СЦМП, наведувајќи дека се одржал онлајн состанок на официјални лица од Центрите за контрола и превенција на болести низ цела Кина, за да се подготват за масовна вакцинација.

Според здравствен експерт, кој не сакаше да биде именуван, бидејќи владата не ги соопшти деталите за состанокот, Пекинг планира да дистрибуира 100 милиони дози вакцини, а се пресметуваат две дози по лице, произведени од кинеските компании „Синофарм“ и „Синовац“.

На официјалните лица им беше кажано дека вакцинацијата со првите 50 милиони дози мора да заврши до 15 јануари, а втората до 5 февруари.

Целта на кампањата за масовна вакцинација е да се намали ризикот од ширење на вирусот ковид-19 за време на еднонеделниот одмор, кој започнува на 11 февруари, а здравствените работници и полицијата ќе имаат предност.

Слични содржини