Кина: Почина докторот кој работел 35 дена без прекин во борбата против коронавирусот (видео)

од Nikola Popovski
200 прегледи

Кинески лекар (29) починал од мозочен удар, откако се борел со коронавирусот 35 дена без прекин.

Д-р Донг Тијан, анестезиолог, бил прогласен за мртов во болницата Хубеи во саботата наутро, една недела пред неговиот 30-ти роденден.

Лекарот работел нон-стоп на „првата линија на фронтот“ повеќе од еден месец пред да падне во несвест, при што бил пренесен во болница на 3 март.

Тој бил лекуван во единицата за интензивна нега 19 дена пред да почине, се вели во извештаите. Позади себе оствил сопруга и болен татко.

Болницата во која работел д-р Донг, ја потврдила неговата смрт на 21 март.

– Другарот Донг Тијан беше ефикасен и проактивен во својата работа. Тој ги почитуваше претпоставените и беше љубезен кон неговите колеги – се вели во соопштението на болницата.

– Тој го искористи својот живот за да ја изрази својата добронамерност и љубовта кон медицината. Тој ги жртвуваше младоста и страста за медицинска кариера – рекоа од Медицинскиот факултет на кој студирал.