192
Кинескиот министер за наука и технологија Ванг Жиџијанг денес изјави дека земјата во моментов спроведува клинички испитувања на 11 вакцини против коронавирусот и додаде дека четири вакцини веќе влегле во третата фаза на тестирање.
Тој на здравствениот форум во Пекинг оцени дека епидемијата сè уште се шири низ целиот свет и дека не е целосно ставена под контрола, како и дека може да има ново зголемување на случаите на есен и зима, пренесува „Тасс“.
Тој додаде дека Кина благовремено достацила информации за коронавирусот на Светската здравствена организација, која обезбеди важна основа за истражувачите ширум светот за спроведување медицински студии и развој на фармацевтски производи.