Кинеска купила автомобил од 24.500 евра со железни монети: Работниците три дена ги броеле парите

од desk2
140 прегледи

Работниците во еден салон за автомобили во Кина останале без текст кога дошла некоја муштерика и одлучила да купи „Фолксваген“ носејќи железни монети кои биле поделени во 66 кеси.

„Фолксфаген пасат“ бил изборот за оваа Кинеска, чинел околу 24.500 евра, а на работниците кои работеле во продажниот салон им биле потребни три дена за да ги избројат сите железни монети.

Во броењето на парите учествувале 17 работници и сето тоа траело 3 дена.

https://www.youtube.com/watch?v=U7Dkjc6NvMU

Кинеската е сопственичка на мал ресторан, а монетите ги собирала од своите муштерии.

Нивното собирање траело 10 години и заштедила доволно за нов автомобил.

Слични содржини