Кира Најтли заразена со корона, примила две дози вакцина

од Vladimir Zorba
309 прегледи

Познатата актерка Кира Најтли (36) води битка со коронавирусот, а единствениот кој нема никакви симптоми е нејзиниот сопруг.

Актерката моментално е во изолација во својот дом во Лондон, каде се бори со короната заедно со нејзините ќерки – 6-годишната Еди и 2-годишната Далила, кои, исто така, се позитивни на коронавирус.

Таа откри како се чувствува преку апликацијата Zoom.

– Ќе ти пречи ако не ја вклучам камерата? Имам корона и се чувствувам прилично лошо – изјавила актерката на новинарка и открила дека нејзиниот сопруг Џејмс Рајт се фалел дека нема никакви симптоми.

– Поради тоа е презадоволен – убеден е дека тоа е затоа што е еден од оние кои се капат во ладна вода, а јас не го правам тоа – рекла актерката.

Таа откри и дека примила две дози од вакцината и дека нејзините ќерки се чувствуваат подобро.

По закрепнувањето, Кира се враќа на глумата во новиот филм „Silent Night“, нејзиниот прв голем проект од 2020 година, кога се откажа од серијата „The Essex Serpent“ на Apple TV.

Слични содржини