„Ми беше ужасно“: Кира Најтли откри зошто одела на психотерапија по снимањето на Pirates of the Caribbean

од Stefanija Kuzmanovska

Актерката Кира Најтли се прослави со улогата во филмот Pirates of the Caribbean: The Curse of the Black Pearl, кога имаше само 18 години.

Истата година, таа се појави и во филмот Love Actually, а потоа почнаa да се редат улогите во бројни продукции.

Сепак, актерката еднаш рече во подкастот на Hoolywood Reporter Awards Chatter дека поради огромната популарност што ѝ ја донеле овие филмови, има посттрауматско стресно растројство.

„Кога ќе ја погледнете целата ситуација однадвор, изгледа одлично затоа што мислите: ‘Леле, ова е хит по хит!’. Но, сè што слушате одвнатре се критиките. Буквално се чувствував безвредно“, навела таа, пренесе Би-Би-Си.

Критиките, како што признала, лошо се одразиле на неа, а ситуацијата дополнително ја влошиле папараците кои постојано ја следеле.

„Доколку ѕвездите немаа нервен слом пред нив, тие се обидуваа да предизвикаат такви реакции. Можеше да се почувствува таа атмосфера на насилство во воздухот. Тоа не е нешто на што некој добро би реагирал“, истакна Најтли.

Годинава признала и дека снимањето на Pirates of the Caribbean ѝ било тешко бидејќи по природа не е екстроверт, а била премлада.

„Тоа беше страшно за мене. Не сум екстроверт, па ми беше тешко кога почнаа постојано да ме следат и кога го достигнав тоа ниво на слава. Тоа беа години во кои се развиваш, уште не си развиен и мораш да грешиш. Тоа е многу чувствителен период, особено за жените. На некој начин се уште си дете“, изјави актерката за Variety.

Признала и дека годините на психотерапија ѝ помогнале полесно да се носи со сето она што го носи славата, па извесен период паузирала од актерството. Сепак, таа вели дека не би го променила патот до успехот.

„Тоа беше трауматично, но го одреди правецот на мојата кариера. Сега сум многу среќна и горда на мојата кариера, а славата не е толку интензивна. Сега можам да се справам со тоа и тоа е одлично. Но, во тоа време не беше толку одлично и ми требаа долги години терапија за да сфатам се“, заклучила Кира за споменатиот медиум.

Слични содржини