Кирацовски: Да беше обратна ситуацијата, ќе снимавте филмови со Боки наместо да одговара

од Aleksandar Todeski
345 прегледи

Оној криминалец со кој сите се сликавте избега во Будимпешта, рече пратеникот од СДСМ, Александар Кирацовски, кој посочи дека ова е последната борба со мафијата.

„Боки со кој се сликавме ние е на суд. Ниту Заев, ниту никој друг не се јави да ургира за него. Да беше обратна ситуацијата, тој немаше да заврши така, ниту пак 1ТВ, која е евидентно дека не работела како што треба, ќе беше затворена, ќе снимавте филмови со Боки“, рече Кирацовски.

Тој повика да се гласа за Законот и да се расчисти со криминалот во земјата. За збор се јави пратеникот Никола Мицевски од опозицијата, кој побара извештај на кој начин ја напуштил земјата експремиерот Никола Груевски.

А.Т.

Слични содржини