Киргистан и Таџикистан договорија прекин на огнот додека траат преговорите за примирје

од Stefanija Kuzmanovska

Претставниците на Киргистан и Таџикистан денеска разговараа и се договорија да ги прекинат судирите на заедничката граница додека траат преговорите меѓу двете страни, соопштија киргистанските власти.

Договорено е за време на прекинот на огнот, кој започнува денеска во 10 часот по локално време, претставниците на двете гранични служби да одржат состанок, наведува руската агенција.

Киргистан претходно соопшти дека таџикистанските сили повторно отвориле оган врз неколку нејзини гранични пунктови по кратката пресметка оваа недела, што претставува нова ескалација на тензиите меѓу двете земји, објави „Ројтерс“.

„Киргистанските војници возвратија со оган за време на овие инциденти, кои се случија долж целата граница“, соопшти граничната служба.

Слични содржини