“Денес временските услови не изненадија сите. Она што мора да се каже е тоа дека се вложени надчовечки напори. Вистинско чудо е што во ваков пожар немаше човечки жртви. Тоа е за честитање. Денес Сплит изгледа многу поддруго отколку што изгледаше вчера на фотографииите, рече хрватската претседателка Китаровиќ во Сплит. 
Во местото Жировница, новинарите ја следеа во чекор а на новинарката од “Индекс” и било речено дека нема да дава изјави бидејќи веќе зборувала со новинарите во Сплит.
Во гужвата во која била опкружена, Китаровиќ разговарала со еден од пожарникарите. Му пружила рака и го прашала дали сте умолрни. Загрепскиот портал итакнува дека на тоа подрачје околу Жировница пожарите дивееле со денови.
“Да, а вие?”, рекол пожарникарот.
“Не можам да се пожалам во однос на она што вие го поминавте”, рекла хрватската претседателка.
Пожарникарот ја повикал да дојде уште некој пат “Немојте да не заборавите, навратете кога ќе биде помирно”.