Ќе се снимаат игран филм, документарец и ТВ-серија посветени на Тоше Проески

од Milan1
8 прегледи

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков денеска најави нов проект кој ќе биде посветен на животот и делото на Тоше Проески.

Како што вели, во следните две години ќе се снима игран филм, документарец и ТВ-серија во неколку продолженија, кои ќе ги прикажат неговите живот, дело и мисија.

„Тоше не беше само музичка икона за Македонија, туку и за целиот Балкан, и овој проект ќе има големо регионално значење. Носител на проектот е Македонската радио-телевизија, копродукциски ќе бидат вклучени неколку национални телевизии од Балканот а финансиските средства ќе бидат обезбедени од буџетот на Македонија преку Министерството за дигитализација. Согласноста од семејството на Тоше е потврдена и ние сме подготвени да ја разоткриеме неговата приказна!“, вели Љутков.

Слични содржини