Клаузулата на Роналдо се „сруши“: од 1 милијарда до 120 милиони евра

од Vladimir Zorba

Светското првенство привремено ги стави во втор план вестите за иднината на Кристијано Роналдо. Асот на Португалија и Реал Мадрид изјави минути по завршувањето на финалето во Лигата на Шампионите, дека за неколку дена ќе објави дали останува на „Сантијаго Бернабеу“. Според „OK Diario“, цитиран од brand.com, клаузулата за откуп на CR7 драстично се намалила.

Во последниве години, во фудбалските средини се шпекулира дека таа изнесува 1 милијарда евра. Изданието тврди дека нов договор е постигнат кон крајот на јануари или почетокот на февруари, според кој клаузулата е веќе 120 милиони евра. Сепак, тоа не важи за Барселона и Париз Сен Жермен, кои ќе мора да платат 1 милијарда.

На 7 јуни, португалскиот весник „Record“ напиша дека Кристијано го напуштил Мадрид поради тоа што не се испочитувани ветувањата, дадени од „кралскиот“ клуб.

Слични содржини