Кандидатот за претседател на САД од Демократската партија Хилари Клинтон тврди дека постојат “веродостојни информации” за интервенција на Русија во претседателските избори во САД.
Тоа поранешната прва дама го изјави пред лет со авионот. “Навистина сум загрижена поради веродостојни информации за интервенција на руската влада во нашите избори”, го цитира кажаното од Клинтон “Политико”. Така поранешниот државен секретар на САД ја коментираше пред новинарите комуникации во американски медиуми за истрагата од страна на тајните служби на сајбер нападите во последните неколку месеци. “Фактот дека експерти од разузнавачките служби ги проучуваат ова (сајбер нападите – бел. ред.) и ги прифаќаат сериозно, покренува некои важни прашања по повод потенцијалната интервенција на Русија во нашиот изборен процес”.
Од “Политико” нагласуваат дека тоа била првата прес-конференција на Клинтон од 275 дена наваму, додека само во оваа година нејзиниот ривал за највисоката позиција во Белата куќа Доналд Трамп имал 17 прес конференции. Пред околу една недела рускиот претседател Владимир Путин во интервју за агенцијата Блумберг негираше извештаите за интервенција на Москва во американските избори. Тој истакна дека Москва никогаш не се вмешала и нема да го прави тоа , а многу будно го следи предизборниот процес, и ги очекува резултатите од гласањето, па потоа Кремљ е подготвен да работи со секоја администрација во Вашингтон, кој и да биде, порача Путин.