Клиперси ја спасија честа на гостинските екипи

од desk4
81 прегледи
   Само екипата на Лос Анџелес Клиперс забележа победа на гостински терен на деветте натпревари од НБА лигата одиграни ноќта меѓу понеделник и вторник.

По оваа победа Клиперси се изедначија со Портланд и Мемфис на врвот на табелата во Западната конференција.

Резултати:

Шарлот – Бостон 117:112
Детроит – Кливленд 113:102
Индијана – Јута 121:94
Филаделфија Феникс 119:114
Атланта – ЛА Клиперс 119:127
Мемфис – Далас 98:88
Милвоки – Денвер 104:98
Њу Орлеанс – Сан Антонио 140:126
Сакраменто – Оклахома 117:113.

Пласман Западна конференција: Портланд, ЛА Клиперс и Мемфис 11-5 (победи-порази), Голден Стејт 12-6,…

Пласман Источна конференција: Торонто 13-4, Милвоки 12-4, Индијана 11-6,…