Кливленд го утепа Бостон со 44 поени разлика

од Vladimir Zorba
91 прегледи

Тимот на Кливленд Кавалирс  го победи Бостон Селтикс со 130: 86 како гостин во вториот натпревар од финалната серија на Источната конференција

Леброн Џејмс и другарите го зедоа првиот натпревар во “ТД Гарден” со 117: 104, а минатата ноќ беа уште поубедливи, за да повлечат со 2-0 во серијата. Кавалирс воведоа доминација од самиот почеток, како на паузата водеа со рекордни 41 поени. Џејмс ја заврши средбата со 30 поени и 7 асистенции, Кевин Лав додаде 21 поени и 12 скока, Каиро Ирвинг постигна 23 поени, а вкупно 12 играчи на Кливленд забележаа барем 9 поени во дуелот.

За Бостон најпрецизен беше Џејлин Браун со 19 поени, а ѕвездата Ајзеј Томас не игра во второто полувреме, поради повреда во ребрата. Следните два натпревари од серијата се во Кливленд.