Клуни: Украина е кланица, токму во срцето на Европа

од Vladimir Zorba

Адвокатот за човекови права, Амал Клуни ги повика членките на Обединетите нации да се фокусираат на примената на меѓународното право во врска со можните воени злосторства во Украина за да не стојат доказите настрана како во случајот со жртвите на Исламската држава (ИСИС) во Ирак и Сирија.

„Украина денес е кланица, токму во срцето на Европа“, рече Клуни на неформалниот состанок на Советот за безбедност на ОН за одговорноста во Украина, свикан од Франција и Албанија, пренесе Ројтерс.

Клуни потсети на гласањето во Советот за безбедност во 2017 година, кога беше одобрено создавањето на тимот на ОН за собирање и складирање докази за можни меѓународни злосторства извршени од Исламската држава во Ирак.

Слични содржини