Кој е „човекот од сенка“ кој стана вториот најмоќен човек во Кина?

од Vladimir Zorba

Уште минатата недела, пред одржувањето на 20-от конгрес на кинеската комунистичка партија, само мал број луѓе надвор од Кина имаа слушнато за Ли Кианг, а камоли да очекувале дека тој ќе стане вториот најмоќен човек во Кина, пишува „Guardian“.

Во неделата, кога шефот на Шангајската Комунистичка партија пристигна на сцената на Големата народна сала, придружуван од Си Џинпинг, стана очигледно дека 63-годишниот е назначен за втор по ранг член на Постојаниот комитет на Политбирото. Ли Кианг, исто така, ќе биде прогласен за премиер на Кина на следната годишна законодавна седница во март, веднаш штом Ли Кечијанг ќе се повлече од функцијата по два мандати.

Националните лидери на Кина често пристигнуваа токму од Шангај, но за разлика од повеќето негови претходници кои беа унапредени на таа позиција, Ли, како што беше практика, не ја извршуваше функцијата вицепремиер. Тој, исто така, нема широк опсег на искуство во регионалната администрација, како што е водењето на сиромашна покраина, што досега беше предуслов за кандидатите кои сакаат да заземат водечки позиции во партијата.

Пред именувањето во неделата, аналитичарите очекуваа друг кандидат, Ванг Јанг, да стане премиер. Но, имаше еден проблем – тој е од ривалската фракција на Кинеската младинска лига, за која аналитичарите велат дека Си ја гледа како закана за неговото владеење. Според аналитичарите, назначувањето на Ли Кианг сугерира дека Си ги цени лојалноста и доверливоста пред сè друго.

– Тој е некој близок до Си и ја има неговата доверба. Си сега целосно се опкружи со мажи кои одговараат со „да, претседателе“ на секое прашање, рече професорот Жан-Пјер Кабестан, истражувач во Азискиот центар со седиште во Париз.

Новата армија на Жеџијанг

Врските на Ли Кианг со претседателот датираат скоро две децении. Додека Си беше главен партиски шеф на провинцијата Жеџијанг, Ли беше негов шеф на кабинет и де факто најблизок личен асистент од 2004 до 2007 година, пред Си да замине на највисоката партиска функција во Шангај. Кога Си стана прв човек на Кина, тој го унапреди Ли прво во гувернер на Жеџијанг, а потоа во партиски секретар на провинцијата Џиангсу, давајќи му искуство во регионалното управување, предуслов за подоцна да игра поголеми улоги.

Ли Кианг, Каи Чи и Ли Си, дуо кои исто така се позиционираа во моќниот Постојан комитет на Политбирото, се дел од т.н. „Нова армија на Жеџијанг“ која работи под Си за време на неговото издигнување на врвот (Жиџијанг е поетско име за поширокиот регион на Жеџијанг). Во овој период, Ли го придружуваше Си на многу службени патувања, уредувајќи ги неговите говори и помагајќи во креирањето политики.

Си го назначи Ли за шеф на партијата во Шангај во 2017 година, стратешки потег да ги постави своите сојузници на клучни партиски позиции.

Како премиер, Ли сега ќе биде највисокиот функционер задолжен за заживување на кинеската кинеска економија, која претрпе многу под строгата политика за „нулта ковид толеранција“. Некои се надеваат дека токму Ли, поранешен партиски шеф во родниот Венжоу – приватниот деловен центар во Жеџијанг – ќе може да ја извлече Кина од нејзините економски проблеми.

Се очекува да се фокусира на иновациите и високотехнолошката индустрија, како што е наведено во извештајот за работата на конгресот. Ли, кој водеше многу странски инвестиции во Шангај за време на неговиот мандат, оние кои го познаваат го опишуваат како прагматичен бизнисмен и како доверлив човек на Си, тој најверојатно ќе има послободна рака во управувањето со економијата од неговиот претходник Ли Кечијанг, кого Си го гледа како закана.

Имплементатор на команди

– Она што му треба наСи е силен спроведувач на политиките, а за време на карантинот во Шангај, Ли се покажа како лојален спроведувач на политиката на Си за нулта ковид-толеранција“, изјави Чен Даоин, поранешен професор на Шангајскиот универзитет за политички науки и права.

Така, среде двомесечното заклучување, Ли му рекол на својот персонал дека мора „непоколебливо да ја извршуваат задачата во согласност со духот на упатствата на Си“. Поради таквата политика, Ли го навлече гневот на јавноста, а производството и економијата на градот, силно ориентирани кон извозот, беа уништени.

Вили Лам, виш соработник во фондацијата Џејмстаун, тинк-тенк со седиште во Вашингтон, рече дека Ли многу добро знае дека својата кариера му ја должи на Си, неговиот покровител.

– Ли немаше некое посебно политичко достигнување што би му го донело ова назначување. Значи, што и да му каже Си да направи, тој ќе го спроведе. Тој би бил многу поразличен од Ли Кечијанг… Мора 100% да го следи Си – заклучи Лам.

Слични содржини