Денес, 21 февруари, е Меѓународниот ден на мајчиниот јазик на Обединетите нации, со кој се слават културните различности и повеќејазичноста.
Euronews претставува преглед на земјите во Европа чии граѓани зборуваат повеќе од еден јазик.
Генерално, Европејците се доста добри во јазиците: околу 65 отсто од населението на континентот може да зборува барем еден јазик различен од нивниот мајчин јазик. За споредба, само околу 20 проценти од возрасните во САД можат да го направат тоа.
Постојат значителни варијации помеѓу регионите. Скандинавските земји се истакнуваат во двојазичноста, додека јужна Европа се бори малку повеќе. Можеби не е изненадувачки, земјите каде англискиот е мајчин јазик не се чини дека се заинтересирани за учење странски јазик, при што само 50 отсто од Ирците зборуваат втор јазик, а најлошата оценка во Европа му се припишува на Обединетото Кралство, и тоа многу малку со само 34 проценти.
Според инфографикот објавен на порталот Euronews, зад Обединетото Кралство е Романија со 35,8%, Босна и Херцеговина со 39% и Албанија со 40% луѓе кои знаат повеќе од еден јазик.

Шпанија е со 54,3%, Франција со 60,1%, а Италија со 66,1%.
Северна Македонија не стои воопшто лошо, откако 68,3 отсто од населението зборува повеќе од еден јазик. Од земјите од поранешна Југославија, пред нас се Хрватска (73,2%), Србија (79,3%) и Словенија (84,1%).
На самиот врв на рангирањето се Естонија, Швајцарија, Малта, Норвешка, Финска, Луксембург, Литванија, Данска, Латвија, кај кои на 90 отсто од населението зборува неколку јазици. Победник е Шведска со дури 96,6 отсто од луѓето кои зборуваат два или повеќе јазици.