Надлежните апелираат до граѓаните за максимална одговорност и целосно почитување на мерките за заштита од Ковид-19, кои вклучуваат задолжително носење маска, држење дистанца и избегнување групирања.
Откако започна епидемијата вкупниот број Ковид дијагностицирани во земјава изнесува 21 113, бројката на оздравени пациенти е 16 301, на починати е 797, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4015.
Вчера беа регистрани нови 177 случаи со Ковид-19 од 778 тестирања .Починати се пет пациенти од кои еден од Тетово (67 г.), еден од Струмица (87 г.), еден од Крива Паланка (68 г.) и двајца од Кочани (70 г. и 73 г.).
Од вкупниот број активни случаи во Скопје има 1792, во Струмица 267, во Тетово 222, во Кочани 218, во Куманово 176, во Прилеп 170, во Штип 123, во Битола 104,
На Инфективната клиника примени се тројца пациенти. Вкупно се хоспитализирани 93 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се пет деца и шест мајки позитивни на Ковид-19, едно дете и една мајка суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се пет пациенти, а вкупно хоспитализирани се 45 пациент од кои на респиратор се тројца пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 29, а во болницата во Штип се 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 191, позитивни и сомнителни на Ковид-19.