Република Северна Македонија започнува нова кампања против бугарските организации. Ги загрозува основните права на Бугарите во соседна земја според Европската конвенција за човекови права, а тоа се правото на здружување, собирање, слобода, слобода на верување.
Ова на брифинг во Министерството за надворешни работи (МНР) го изјави заменик министерот за надворешни работи и портпарол на ресорот Костадин Којабашев. Неговиот коментар е за моменталната состојба на односите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија.
– Во таа насока, принудени сме да ја потсетиме земјата која е кандидат за членство во Европската Унија дека европската практика и законодавните иницијативи кои се однесуваат на правото на здружување, се водени од желбата да се олесни, а не да се попречи создавањето и функционирањето на граѓански организации и здруженија, истакна Коџабашев.
Тој нагласи дека согласно одлуката на бугарското Народно собрание од 24 јуни 2022 година, Бугарија ќе ја поддржи европската интеграција на Северна Македонија само под услов доколку се гарантираат правата на Бугарите во земјата, додавајќи дека „последните законски измени во Скопје противречат на тој услов“.
Според него, крајно е неприфатливо да се користи наратив, вклучително и законодавни иницијативи со кои непринципиелно се искористуваат теми поврзани со фашизмот, антисемитизмот и тероризмот со цел да се ограничат основните права и да се влошат добрососедските односи.
– Категорично ги отфрламе обидите за наметнување селективни, еднострани и историски толкувања, додаде Коџабашев.
Тој потсети дека согласно Договорот за добрососедство создадена е посебна Комисија за „надминување на историските противречности“ и нејзините активности „не може да се заменат со ниту една новоформирана структура“.