Нема ништо лошо во туширање наутро и навечер, но експерти велат дека е сосема доволно туширање еднаш дневно, со не премногу врела вода. За оние кои веруваат дека наутро нема потреба да се тушираат, докторите сепак велат дека постои причина за тоа.

„Луѓето навечер се потат многу. Кога наутро ќе се разбудите, на вашата кожа се наоѓа целата пот и сите бактерии од постелнината. Утринскиот туш е корисен, бидејќи ќе ви ги отстрани сите гадни бактерии кои се собрале додека сте спиеле. Покрај тоа, многу луѓе се интимни во текот на ноќта, што претставува уште една причина за утрински туш“, вели дерматолог доктор, Гари Голденберг.
Голденберг вели дека е важно, кога се туширате два пати дневно, да водите сметка околу топлината на водата, односно таа да не биде премногу врела, како и околу тоа да не користите многу агресивни сапуни и туширањето да не трае предолго.
За оние кои сакаат утринско туширање, овој доктор вели дека нема подобар начин да се започне денот.
„Утринското туширање посебно се препорачува на лица на кои им е потешко да се разбудат“, вели психологот Џенет Кенеди, експерт за спиење.
При туширање во вечерните часови исто така треба да се внимава околу топлината на водата, и треба да се туширате најмалку 90 минути пред спиење.
„Телото се лади подготвувајќи се за сон и срцевиот ритам се забавува. Туширањето со топла вода ја крева температурата, што може дополнително да не разбуди. Затоа треба да се истуширате најмалку час и половина пред спиење“, вели докторката Џенет Кенеди.
Доктор Голденберг, вели дека туширањата со многу врела вода, ги отстрануваат од кожата природните масла кои служат како заштита.
„Колку подолго се туширате со врела вода, толку е поголема веројатноста дека вашата кожа ќе стане сува“, вели Голденберг.