
Слики на куче во засолниште во Западна Вирџинија го обиколија интернет. Кучето Лоџер, каснат од змија, стана сензација поради неприродно зголемената глава – реакција од Змискиот отров. На сликата Лоџер изгледа исклучително депримиран по инцидентот со отровната змија, а главата му е 3 пати поголема од вообичаената. По соодветно лекување сепак Лоџерр веќе е добро и изгледа како порано, а од засолништето пуштија нова негова слика за смирување на сите загрижени миленици на животните.
