Замислете дека сте имале тежок ден, се чувствувате исцрпено или тажно, а првото нешто што сакате да го направите е да изедете нешто вкусно за да се расположите. Звучи познато? За некои хороскопски знаци храната не е само потреба од енергија – тие со неа ги лекуваат срцето и душата. Дознајте кои хороскопски знаци често ги „лекуваат“ своите емоции со храна.
Бик
Сензуални и хедонистички по природа, Биковите имаат посебен однос со храната. Кога се тажни, осамени или дури среќни, храната им е прва утеха. Од чоколадо до леб, храната е вистинска терапија за Бикот.
Рак
За емотивните Ракови храната е утеха и љубов. Без разлика дали се работи за супа од нивната баба или торта на нивната мајка, храната е нивниот начин да се чувствуваат безбедно и сакано.
Лав
Иако Лавовите се познати по својата храброст и сила, тие бараат утеха и во храната. Пици, чоколади и се што е вкусно и луксузно може да му помогнат на Лавот да се чувствува подобро.
Скорпија
Скорпиите се длабоко емотивни, а храната може да послужи како средство за нивно приземјување. Кога се чувствуваат преоптоварени, храната може повторно да ги поврзе со реалноста и да им даде чувство на контрола.