
Сиоред „Forbes“ во Македонија, се тврди дека на врвот се наоѓа Јордан Камчев, сопственик на „Orka Holding“, со 238 милиони долари вредно богатство. Втор е Минчо Јорданов, сопственик на „Макстил“ со 234 милиони долари.

Најбогатиот Македонец кој не живее во Македонија е Мајк Илиќ, основач на франшизата за брза храна „Little Caesars Pizza“, сопственик на „Detroit Red Wings“ и „Detroit Tigers“, со богатство од 6.1 милијарди долари.

Во Босна и Херцеговина најбогати луѓе се Кенан и Дамир Хастор. Тие ги наследиле „Prevet“ и „ASA Group“ од нивниот татко и располагаат со 412 милиони долари. Позади нив е Изуддин Ахметиќ, сопственик на „HIFA Group“ со имот вреден 364 милиони долари.
Во Црна Гора, официјално најбогат човек е Таксин Шинаватра, поранешен премиер на Тајланд кој живее и работи во Црна Гора со имот вреден 1.61 милијарда долари. Второто најбогато семејство во оваа земја е семејството на премиерот Миле Џукановиќ, со имот од 167 милиони долари.

Во Хрватска најбогато е хрватско-чилеанското семејство Лукшиќ, чија нето вредност изнесува 15 милијарди долари. По нив е австриско-хрватскиот милијардер Дитрих Матешиќ, сопственик на „Red Bull“, со богатство од 10.8 милијарди долари. После нив е Ивица Тодоровиќ, сопственик на „Agrokor“ со 499 милиони долари и Емил Тедеши, сопственик на „Atlantic Group“, со нето богатство од 208 милиони долари.

Најбогатиот човек во Србија е Филип Цептер. Тој е основач на „Zepter International“. Иако не живее во Србија, тој има српско државјанство, а неговото богатство се проценува на 5 милијарди долари.
Меѓу најбогатите луѓе во Србија е и Миодраг Костиќ, со потекло од Црна Гора, сопственик на „MK Group“ со нето богатство од 540 милиони долари. Единствениот човек од Србија, чија адреса е српска е Мирослав Мишковиќ, кој располага со 520 милиони долари.
Кај Словенците најбогати се Иза и Само Логин, парот кој заработи огромно богатство со апликацијата „Talking Tom Cat“. Нивниот имот се проценува на 700 милиони долари, а позади нив е Јоц Печечник, сопственик на „Interblock“, со богатство од 266 милиони долари.
