“Ужасното дете” на Грција Варуфакис беше заменето со Евклид Цакалотос. Новиот грчки министер за финансии ќе донесе некое успокојување во преговорите со доверителите. Но проблемите на земјата остануваат непроменети.

Цакалотос? Не беше ли тоа генералот од грчката граѓанска војна, кој се бореше во четириесетите години на минатиот век против комунистите? Токму така. Левоориентираниот Евклид Цакалотос е роднина на познатиот непријател на комунистите. Во Грција слични работи не се невообичаени.
Многумина од министрите на “Сириза” потекнуваат од претходната буржоазија. Министерот за надворешни работи, Никос Коциас е од семејство на претприемачи, презимето на економскиот министер Јоргос Статакис потсетува на сопственици бродоградилиште, а таткото на Јанис Варуфакис беше шеф на индуструјалец.
Верен на левата идеја

Од понеделникот досега Евклид Цакалотос е новиот грчки министер за финансии. Тој ја презеде функцијата токму на денот кога ќе наполни 55 години. Варуфакис и Цакалотос се пријатели од студентските години во Велика Британија. Но, додека Јанис ги гушкапе нео-кејнсианските идеи, Евклид станува член на студентската организација на Комунистичката партија на Грција. Повеќето од неговите сопартијци последователно прават кариера во секакви други партии, институции, медиуми и економски сфери, Цакалотос сепак останува верен на левата идеја.
На 33-годишна возраст тој се населил во Грција, која всушност не е негова татковина. Евклид Цакалотос е роден во 1960 година во Ротердам во семејство на бродски инженер. Во 1965 година семејството се пресели во Велика Британија. Таму Цакалотос завршува училиште, а потоа следуваателитните образовни институции за политика и економија. Станува професор на Универзитетот во Кент. Во 1993 година Цакалотос и жена му, која е шкотланќанка, се преселуваат во Грција. Подоцна Евклид признава дека го чинело неверојатни напори да го научи соодветниот грчки изговор. Почнува да предава во едно високообразовна институција, а во 2010 станува професор на Универзитетот во Атина – благодарение на одлучувачката поддршка на личниот пријател Варуфакис.

Не е сосема јасно дали Евклид, кој членува во “Сириза” од основањето н, не им помогна на Јанис да се издигне во партиската хиерархија. Во секој случај Цакалотос никогаш не би разгласил слични информации. Познато е дека тој чува во тајност се што е поврзано со личниот живот – каква музика сака да слуша, каде поминува одмори, со кого е пријател – ништо за овие прашања не стигнува до медиумите. Недостасуваат и типичните за многу други политичари семејни фотографии со децата или сопруга.
Поранешната професорка на Универзитетот во Кент Хедер Денис Гибсон го води од 2011 година истражувачкиот оддел на грчката Национална банка – иако е мажена за Цакалотос. Целото однесување на Цакалотос е под силно влијание на детските и младинските години поминати во Англија, и со така карактеристична британска воздржаност. Новиот грчки министер за финансии е целосна спротивност на екстровертниот Јанис Варуфакис, кој ја напушта Грција дури на 18-години, за да се утврди во Велика Британија, а подоцна и во Австралија.
Персонална промена, не и промена!
Сегашната кадровска промена во Грција не значи сепак и промена на политиката. Варуфакис и Цакалотос се залагаат речиси за идентични позиции. Цело време додека “Сириза” беше во опозиција, Цакалотос беше портпарол на партијата за финансиските прашања. Предизборната програма во голема мера е напишана токму од него. Уште пред парламентарните избори во јануари 2015 беше јасно дека или тој, или Варуфакис ќе стане министер за финансии. Двајцата се сметаат за подеднакво компетентни за економски прашања. Алексис Ципрас донесе одлука во корист на Варуфакис . Благодарение на овој стремеж на него му успее нешто што Цакалотос никогаш не би можел да го постигне: да ги натера сите светски медиуми да ја коментираат неговата позиција по прашањето со грчките долгови и попрецизно – мислењето дека кризата не може да биде решена без простување на долгови.
Медиумскиот спектакл на Варуфакис сепак никако не им се допадна на останатите финансиски министри од еврозоната. Но, како што велат, тој си ја заврши работата и веќе може да си оди. Сега на потег е Цакалотос. Тој е прекрасно запознаен со сите прашања поврзани со грчките долгови. Пред неколку недели тој го замени Варуфакис како главен преговарач со меѓународните институции. Новиот различен стил се виде премногу јасно уште во првиот работен ден на Цакалотос во вторникот. За разлика од својот претходник Варуфакис, новиот министер за финансии ги одмина молчешкум камерите и микрофоните на новинарите кои чекаат вести од состанокот на министрите за финансии. Под едната мишка Цакалотос носеше торба, а под другата – куп документи. А сè што имаше да се каже, веќе се содржи во писмената молба на Грција за кредит од Европската спасувачки механизам .