Кој е поголем пијаница – мажите или жените?

од desk3
145 прегледи

Мажите кои пијат редовно со години,  потешко се откажуваат од алкохолот, во споредба со жените, поради промените во нивниот мозок. Според податоците на најновото истражување по деценија редовно консумирање на алкохол, се менува активноста во областа на мозокот, што доведува до зголемување на алкохолната жед, пишува tialoto.bg. Кај жените не се забележува слична мозочна активност, што укаж

ува на тоа дека на нив им е полесно да се откажат од уште една чаша вино.

Наодите се последица на мозочни скенирања на 11 мажи и 16 жени, на возраст под 28 години. Учесниците пиеле редовно алкохол во текот на една деценија. Консумирале алкохол еквивалентно  на речиси три шишиња вино.

Во Велика Британија, како и во Бугарија, мажите пијат повеќе во споредба со жените. Кај нив има три пати поголема веројатност да испијат алкохол со еквивалент на околу едно и пол шише вино во рамките на еден ден.  Покрај тоа, мажите ги сочинуваат и две третини од пациентите со здравствени проблеми, како последица на алкохолот.  Истражувањето е спроведено од научници од Универзитетот на Источна Финска.