Петар Мајоски (62) ја потресе цела Македонија откако синоќа изврши двојно убиство, усмртувајќи го својот 43-годишен внук од сестра и неговиот 11-годишен син, а потоа си го одзеде животот. Трагедијата остави длабока трага во јавноста, а бројните прашања за неговиот мотив и личности сè уште немаат јасен одговор.
Сепак, на социјалните мрежи сторителот ги споменува мотивите за големата трагедија. Се споменуваат семејни недоразбирања и нерасчистени имотни прашања.
На социјалните мрежи, Мајоски се претставувал како ревносен комунист и отворен обожавател на рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.
Според сознанијата до кои дојдоа полициските службеници од ОВР Прилеп, на Фејсбук профил за кој се претпоставува дека е креиран и припаѓа на вујкото Петар, во 17:10 часот поставен бил статус со сомнителна содржина каде истиот ја прозива неговата сестра и внукот (според времето на објавување се претпоставува дека статусот е објавен по убиството на внукот и неговиот малолетен син).