Кипар ќе го изгради најголемото казино во Европа, изјави министерот за енергетика, туризам и трговија, Јоргос Лакотрипис во петокот, пренесува Sigma Live.

Лакотрипис додаде дека казиното ќе биде најголемото на континентот како во однос на бројот на масите, така и во однос на бројот на конзолни за игра. Тој појасни дека проектот значително ќе помогне за туризмот во Кипар.