Засега без клучното име, но врие од комбинации и шпекулации по социјалните мрежи и порталите. Официјално нема ништо а неофицијалните гласини се дека најзагреан и среќен велат би бил Антониот Милошовски кој лобирал кај чллнството но не се знае дали ќе ја добиел поддршката од извршниот на ВМРО ДПМНЕ. Адути на Груевски пак биле Нино Тодоров или Поповски, ама не поминале на првото соочување за смена на Груевски.

грујо

Министерот за надворешни работи Никола Попоски, како што се дознава  од партиски извори, ја отфрлил идејата тој да ја наследи премиерската фотелја на Никола Груевски.

Приврзаници на владејачката партија во МНР велат дека Попоски нема намера да остане на министерската позиција и дека дури очекувал еден негов колега од Балканот да го препорача дипломатската кариера да ја продолжи во Брисел. Тој имал проѓа кај странците ама сакал да се тргне од политикиве.

Прво предоложениот пак Никола Тодоров, не бил прифатлив заради многуте афери кои што ги имаше во јавноста и она со „миљончето во здравството“, и наводно Мијаклов, Јанкуловска и  останатите од извршниот сметале дека тоа би било голем ризик за партијата да ги загуби изборите. Откако Груевски ги оставил другите да предлагаат излегле имињата на Антонио Милошовски , а некои барале да си се врати и Иво Ивановски, како добар на линк на странците, тој да го сработи овој преоден период за изборите.mihajlo_manevski

Во кулоарите се шпекулира дека и  вмровците воделе жестоки расправии за тоа кој ќе го наследи Груевски, и дека заради несогласувањата   била  и прекината седницата на извршниот на ВМРО ДПМНЕ, па  се побарало малку да се оладат страстите и да продолжи расправата со ладни глави.

Неофицијално, и покрај тоа што Груевски демек дебатира заедниччки во партискиот врв, веќе подолго време се шпекулира дека како можен преоден премиер не е исклучено да биде министерот  пензионер сега советник,  Михајло Маневски , кој послушно и педантно без големи амбиции потоа,  би ја завршил и одработил премерската улога  на преодната влада, и немало да се почувствува празнината на Груевски , туку напротив , би можел тој да сработи и нешто пожестоко а лидерот да си биде спокоен и мирен.

Слични содржини