Кој под истрага, кој без пасош, кој во оставка: Се ситни Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

од Vladimir Zorba

Од вкупно 32 членови на Извршниот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, обвинети и под истрага на Специјалното јавно обвинителство се пет члена – претседателот на партијата во оставка, Никола Груевски, поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, пратеникот Илија Димовски, пратеничката Даниела Рангелова и поранешниот технички премиер Емил Димитриев. Под истрага на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, за насилствата во Собранието на 27 април е еден член, Богдан Илиевски. Оставка од Извршниот комитет вчера даде поранешниот министер за надворешни работи, Никола Попоски.

Дополнително поголем број од членовите, меѓу кои и Илија Димовски пред два дена објавија писмо во кое побараа одлагање на Конгресот кој денес и утре треба да се одржи во Валандово.

Извршниот комитет завчера на седница ги потврди датумите за одржување на конгресот и од таму соопштија дека иницијативата за одложување на конкурост не наишла на поддршка.

Централниот комитет синоќа го потврдил конгресот во Валандово кој ќе се одржи денеска и утре.

Од таму информираа дека ќе има еден кандидат затоа што другиот кандидат доставил нецелосна документација.

vmro-ik-ikonograf 2a1a

извор: Мета

Слични содржини