Европскиот магазин „Vocal Europe“ на својот официјален Твитер налог постави анкета на тема кој прв би можел да влезе во Европската унија од Македонија, Србија, Албанија или Косово.

За сега гласале околу 1.900 луѓе, а за гласање останаа уште 21 час.
Според резултатите кои се прикажуваат откако ќе гласате, води Србија за која граѓаните на Европа даваат дури 45 отсто шанси да стане следна членка на ЕУ.
Следи Македонија, со околу 23 отсто од гласовите, а далеку помалку имаат Албанија и Косово, кои добиле околу 16 отсто поддршка.
Ова не е прв пат „Vocal Europe“ да организира слична анкета. На пример, во екот на кризата во Шпанија, поради референдумот на Каталонија, на граѓаните им беше поставено прашањето дали шпанската демократија е во пад?
Which one is closer to the EU membership?
– RT for larger sample size –
— Vocal Europe (@thevocaleurope) November 14, 2017
Исто така, тоа што може да се забележи од коментарите под анкетата е инсистирањето на поединци дека Македонија треба да биде наведена под привремената референца ПЈРМ (FYROM), а други пак објаснуваат дека сите знаат која е земјата Македонија, и дека само Грците не го разбираат тоа.