Која е Лилјана Спасовска, новата в.д. јавен обвинител на Македонија?

од Vladimir Zorba
144 прегледи

Јавното обвинителсто на Република Македонија денеска до медиумите ја испрати биографијата на Лилјана Спасоска, која ќе биде в.д јавен обвинител додека се избере нов на конкурс.

 

Родена е во Скопје во 1954 година. Основно и средно образование завршила во Скопје. Дипломирала на Правниот факултет во Скопје на 04.01.1977 година.

На 01.03.1977 година започнува да работи како приправник во тогашното Окружно јавно обвинителство – Скопје, а во 1978 година станува стручен соработник во истото обвинителство. На 01.12.1984 година е именувана за заменик јавен обвинител во тогашното Општинско јавно обвинителство – Скопје. Таа функција ја извршува до 01.04.2003 година, кога е именувана за заменик јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство – Скопје.

За јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Македонија е избрана на 01.06.2009 година. Од декември 2013 година ја извршува и функцијата заменик на Јавниот обвинител на Република Македонија.

Во својата кариера учествувала на бројни меѓународни конференции и на стручни советувања во Република Македонија, а извесен период ја извршуваше и функцијата претседател на Управниот одбор на Академијата на судии и јавни обвинители.

Г-ѓа Спасоска е мажена, мајка на две полнолетни ќерки и баба на две внучиња./Либертас