Која поседува повеќе накит кој ѝ припаѓал на Дајана: Меган Маркл или Кејт Мидлтон?

од Stefanija Kuzmanovska

Колекцијата накит на Дајана често ја носат и Меган Маркл и Кејт Мидлтон, но која од нив поседува повеќе од овие скапоцености?

На принцот Вилијам и Хари им беше оставен накитот на Дајана по нејзината смрт во 1997 година. Како принцеза од Велс, Дајана имала пристап до луксузен накит што ѝ припаѓал и на самата кралица. Меѓутоа, таа го имаше и своето богатство доволно за да си дозволи завидна колекција накит.

Кејт и Меган го наследиле целиот нејзин приватен накит, но кој ги наследил највредните парчиња?

Кејт Мидлтон

Кејт Мидлтон, според британските медиуми, го поседува највредниот дел од колекцијата накит на принцезата Дајана.

Нејзиниот веренички прстен со син сафир и дијаманти чинел речиси 34 илјади евра кога принцезата Дајана го купила по свршувачката со Чарлс.

Се проценува дека оттогаш овој прстен достигнал вредност од повеќе од 300 илјади евра.

Кејт повремено носи обетки од сафир на принцезата Дијана, кои ѝ ги подарил престолонаследникот на Саудиска Арабија. Комплетот вклучуваше часовник, нараквица, обетки, прстен и ланче. Тешко е да се процени колку би можел да вреди овој комплет денес, но самите обетки денес сигурно вредат повеќе од 150 илјади евра.

Кејт го поседува и омилениот златен часовник „Картие“ на Дајана, кој Вилијам ѝ го подари за третата годишнина од бракот.

Меган Маркл

Меган го носеше прстенот од аквамарин на Дајана кога се омажи за Хари. Во 2018 година беше проценето дека овој светлосин дијамантски прстен вреди околу 90 илјади евра. Денес оваа вредност секако отиде уште повисоко.

Меган ги носеше и обетките на Дајана со пеперутка на турнејата во Австралија.

Како и прстенот од аквамарин, и обетките се дел од комплетот заедно со ланчето, но Меган не ги носеше заедно. Таа носеше обетки со пеперутка во комбинација со нараквица од сафир, која исто така ѝ припаѓаше на принцезата Дајана.

Обетките се проценети на околу 18.000 евра.

Меган ја носеше и златната нараквица на Дајана, која и покрај тоа што е поскромно парче од нејзината колекција, се вели дека била една од омилените на принцезата за комбинирање со полежерни комбинации.

Слични содржини